Мјанмар одбива да учествува на регионалната конференција за актуелната бегалска криза во југоисточна Азија

Од:

Мјанмар, најверојатно, нема да учествува на регионалната конференција посветена на актуелната криза предизвикана од масовниѕе бегалски бранови што во Бенгалскиот Залив стана особено актуелна од почетокот на овој месец.

Кабинетот на претседателот Теин Сеин денеска соопшти дека Мјанмар не гледа потреба за одржување на состанок со шефовите на државите и владите на Тајланд, Малезија и Индонезија. Мјанмар е државата од која доаѓаат најголем број бегалци и илегални емигранти.

Состанокот на највисоко ниво го предложи Тајланд и тој треба да се одржи на 29 мај во Бангкок. Пред тоа, во координација со претставници на Обединетите Нации, експерти и претставници на министерствата за надворешни работи подготвуваат план за акција со која би била спречена бегалската криза во овој дел на светот.

Аналитичарите оценуваат дека одлуката на претседателот на Мјанмар да не учествува на состанокот во Бангкок е донесена поради тоа што во Мјанмар и натаму продолжуваат вооружените судири на армијата со бунтовничките племиња на северот на државата, но и поради избегнувањетона официјален Пјонгјанг да учествува на регионалниот самит на кој треба да се откријат корените и причините за сегашната бегалска криза.

Според официјални податоци на ОН, најголем број бегалции и жртви на трговијата со луѓе во југоисточна Азија се припадници на племето Рохингја кое живее во Мјанмар и Бангладеш. Само во првите три месеци на годинава од Мјанмар емигрирале над 26.000 припадници на ова малцинство. Во последниве неколку дена голем број бродови со бегалци се обидуваат да стигнат до копното во Индонезија, Малезија и Тајланд, но нивните обиди, најчесто се спречени со сила. Тајландската обалска стража, која ги пресретнува бродовите со бегалци, им дава малку храна и вода на емигрантите, а само мал дел од нив се прифатени во импровизирани бегалски кампови.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар