Мјанмар обвинет за актуелната хуманитарна катастрофа во Југоисточна Азија

Од:

Во организација на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации, УНХЦР, во Бангкок денеса започна меѓународен собир од кој се очекува донесување на план за решавање на актуелната криза со бегалците од Мјанмар и Бангладеш. Покрај УНХЦР организатори на средбата се Интернационалната Организација за Миграција и Канцеларијата за борба потив дрогата и криминалот на ОН, а учествуваат високи претставници на влади на 17 држави.

За актуелната бегалска криза, која во текот на овој месец стана хуманитарна катастрофа во Југоисточна Азија, ќе се подготви план за акција во десет точки. Се предвидуваат акции за итно, но и долгорочно решение на најголемата бегалска криза во Азија по завршувањето на Виетнамската војна.

Од средбата во Бангкок се бара Мјанмар, без одлагање, да пристапи кон решавање на прашањето на припадниците на малцинското муслиманско племе Рохингја. Поради верска нетолеранција, сиромаштија и отсуство на основни човекови права, илјадници припадници на ова племе бараат спас во Малезија, Индонезија и Тајланд. Претставникот на Мјанмар, меѓутоа, одби неговата земја да биде прогласена за единствен виновник за бегалската криза, наведувајќи дека припадниците на племето Рохингја Мјанмар не ги смета за свои државјани. Над 1,3 милиони припадници на ова племе Мјанмар ги нарекува „ Бенгалци’’, со цел да ги дистанцира од доминантното будистичко население на државата позната и како Бурма.

По откривањето на над 160 масовни гробници во граничниот појас меѓу Тајланд и Малезија и сознанијата дека над 5.000 бегалци со недели се наоѓаат во бродови на отворено море, под притисок на меѓународната заедница започнаа акциите за спасување на прегладнетите и заболени бегалци. Прв чекор за помош е одлуката на Малезија и Индонезија да ги пронајдат бегалците кои се на отворено море и да ги сместат во привремени кампови. Во потрагата, во координација со тајландската авијација и морнарица, учествуваат и воени авиони од САД.

За проблемот на бехалците во Југоисточна Азија денеска беа запознати и членките на Советот за безбедност на ОН. Преку видео конференција, шефот на ОН за човечки права Зеид Ал Хусеин ги информираше членовите на Советот за безбедност за актуелната ситуација. Од седиштето на ОН, за сега, нема информации какви мерки за овој проблем ќе усвои светската организација, но се претпоставува дека акциониот план, што ќе се донесе во Бангкок ќе биде и план на Обединетите Нации.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска