Во минатата фискална година, што заврши во март, во стопанството на Мјанмар влегле четири милијарди и 107 милиони долари странски инвестиции.
Тоа се,1,4 милијарди долари повеќе од претходната година, а овозможиле отварање на 50.750 работни места за локалните жители.
Најголем инвеститор во Мјанмар и натаму е Кина, а меѓу 34 други држави кои вложуваат во таа земја по висината на инвестиции се Тајланд и Хонгконг.
Странските инвестиции се најмногу насочени на преработувачката индустрија, енергетиката, туризмот, земјоделството и рибарството. И покрај нестабилната политичка во државата, благодарејќи на странските вложувања, стопанството на Мјанмар бележи значаен пораст.
Лани е остварен пораст од 7,6 посто, а според предвидувањата на Азиската банка за развој во наредните две години економскиот раст ќе се движи околу осум отсто.