Мислите ли дека е жешко, замислете уште пожешко

Од:

За многумина Македонци, изминатиот месец беше очајно жешко. Но, не само кај нас, туку во повеќе од 4.500 места низ целата Земја, во изминатите 30 дена, беа постигнати температури на рекордно ниво.

Сепак, во одредени делови на светот, оваа за нас ненормална темература, за нив е секојдневие.

На пример во Кувајт, просечната температура во јули беше 47 степени целзиусови.

Највисоката температура измерана воопшто некогаш на планетата беше во 1922 година, кога еден термометар во Ел Азиза, Либија, покажа 58 степени, иако потоа се појавија сомневања во исправноста на термометарот.

Научниците од универзитотетот во Монтана велат дека највисоките температури на Земјата се наоѓаат во подрачјата каде што воопшто нема метеоролошки станици и не можат никогаш да бидат точно измерени.

Температурите во пустините како што се Сахара, Гоби, Соноран не можат да се измерат, затоа што пристапот за рутински мерења и одржување на временските станици е непрактично, според Дејвид Милдрекслер, главен автор на една неодамнешна студија која изработена за НАСА, со која преку сателитски мерења научниците се обидуваа да ги откријат најжешките делови на Земјата.

Сателитските снимања на инфрацрвена енергија емитирана на Земјата во текот на седум години, од 2003 до 2009 година, укажале дека пустината Лут во Иран е најжешкото место на Земјата, каде што температурата во наведениот период стигала и до 70 степени целзиусови.

Потоа следат, Квинсленд, Австралија каде истата оваа температира од 70 степени, била измерена во 2003 година и Турпан басенот во Кина неговиот рекорд од 67 степени Ц.

Според оваа студија на НАСА, највисоки температури снимени во светот се:

  1. Ел Азиза, Либија – 58 Целзиусови степени
  2. Долината на смртта, Калифорнија – 57 степени
  3. Гадама, Либија – 55 степени
  4. Кебили, Тунис – 55 степени
  5. Тимбукту, Мали – 54 степени
  6. Аруана, Мали – 54 степени
  7. Тират, Израел – 54 степени
  8. Аваз, Иран – 53 степени
  9. Ага Јари, Иран – 53 степени
  10. Вади Нафа, Судан – 53 степени

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска