Севернокорејските власти осудија еден јужнокорејски мисионер на доживотно тешка работа, обвинувајќи го за шпионажа и обид за недозволено црквено организирање.
Пјонгјанг соопшти дека мажот е уапсен минатиот октомври, откако од Кина влегол во државата. Баптистичкиот мисионер Ким Џонг Ук во февруари се појави на севернокорејската телевизија и призна за антидржавното дејствување.
Како што пренесе „Асошиејтед прес“, Јужна Кореја демантира дека имала некакви врски со него.
Е.Г.