Мишел: Русија не ја загрозува само Украина, туку и европскиот мир и меѓународен поредок

Од:

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на денешната пленарна седница во Стразбур изјави дека Русија со својата политика не го загрозува само интегритетот на Украина, туку и европскиот мир.

Тој додаде дека Русија распоредила воени сили „без преседан“ на границата со Украина и оти тоа е „агресивно и заканувачко однесување“.

– Таквото однесување не ја поткопува само стабилноста и интегритетот на Украина, туку мирот и безбедноста во Европа и меѓународниот поредок заснован на правила, истакна Мишел.

Тој додаде дека вчерашното повлекување на дел од руските војници е сихгнал дека Москва е подготвена за дипломатија.

– Апелирам Русија да преземе конкретни и опипливи чекори кон деескалација. Ова е предуслов за искрен политички дијалог. Од една страна нема дипломатија, а од друга страна се распоредуваат војници, истакна Мишел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород