Мишел Обама е жената на која Американците најмногу и се воодушевуваат

Од:

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама е жената на која Американците најмногу и се воодушевуваат, покажуваат резултатите од ново истражување на Галуп.

Мишел оваа позиција, по 17 години, ја презеде од поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, која годинава го зазеде третото место. На второ место се наоѓа телевизиската ѕвезда Опра Винфри.

На четврто место е актуелната прва дама на САД, Меланија Трамп, а зад неа следуваат британската кралица Елизабета и германската канцеларка Ангела Меркел.

Поранешниот американски претседател Барак Обама е прв на листата со мажи, на кои Американците најмногу им се воодушевуваат веќе 11 години по ред.

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп се наоѓа на второ место, а по него следуваат Џорџ Буш помладиот, папата Франциско и Бил Гејтс.

Анкетата, во која учествувале 1.025 лица, ја спроведе Галуп во текот на овој месец, а Американците одговарале на прашањето на која жена и на кој маж во светот најмногу им се воодушевуваат. Испитувањето се спроведува секоја година од 1946, со исклучок на 1976 година.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски