Мировните преговори во Мјанмар одложени за идната недела

Од:

Мировните преговори меѓу владата и коалицијата на 16 бунтовнички племиња во Мјанмар, што започнаа пред една недела, се одложени до 30 март, со цел да се најдат можни решенија на четири се уште спорни точки од предлог договорот за целосен прекин на вооружените непријателства што со децении ја потресуваат државата попозната како Бурма.

Нема официјални соопштенија за причините на еднонеделната пауза во преговорањето, а се претпоставува дека е во прашање изнаоѓање на решение за актуелните, прилично жестоки судири меѓу армијата на Мјанмар и бунтовниците од племето Коканг во провинцијата Шан. Според агендата што ја соопшти кабинетот на претседателот на Мјанмар Теин Сеин, прашањето на статутот на провинцијата Шан ќе биде посебен дел од мировните преговори, но под услов да се постигне договор за целосен прекин на вооружените судири

По делумното укинување на полувековната диктатура во Мјанмар, од 2.011 година на ваму, властите склопија поединачни мировни договори со 14 од шеснаесетте племиња што водеа оружена борба за автономија или отцепување. Остана проблемот со најмоќната пленемска армија во провинцијата Шан, која се граничи со Кина, чија провинција Јунан стана прибежиште на над 100.000 бегалци, но е позната и како база за финансиска и логистичка поддршка на бунтовниците.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар