Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Од:

Белоруските воздухопловни сили денеска соборија два руски беспилотни летала во близина на белорускиот град Гомел, јавуваат белоруските медиуми. Во исто време, рускиот функционер Владимир Рогов на својот канал Телеграм изјави дека дронот влегол во воздушниот простор на Белорусија.

Според групата Белорусија Хајун, неколку белоруски борбени авиони наводно пресретнале беспилотни летала во близина на градот Гомел околу 1:30 часот по локално време. Градот се наоѓа на околу 30 километри од границата на Украина и Белорусија.

Третото руско нападно беспилотно летало наводно навлегло во белорускиот воздушен простор околу 2:30 часот, но белоруското Министерство за одбрана не даде дополнителни информации за дронот.

Инцидентот е втор пат оваа недела како белоруски борбени авиони се распоредени за заштита на воздушниот простор на земјата, при што групата објави и видео од наводното соборување на беспилотно летало над Гомел. Руските беспилотни летала претходно наводно отстапувале од својот курс во правец на Белорусија, при воздушните напади врз Украина во неколку наврати, но ова би бил прв познат случај белоруски авион успешно да собори руски беспилотно летало, пренесува Танјуг.

Белоруски Хајун објави дека белоруски борбен авион се обидел да го собори рускиот дрон Шахед кој на 29 август влегол во воздушниот простор на земјата. Според групата, руски беспилотни летала го нападнале белорускиот воздушен простор во средата, како и на 26 август. Министерството за одбрана на Белорусија не го коментираше наводниот инцидент.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина

Лукашенко: Десет системи „Орешник“ ќе бидат распоредени во Белорусија

Пожар во трговски центар во Белорусија, најмалку 12 лица завршија во болница

Горан Наумовски