Министрите за внатрешни работи на ЕУ на средба за продолжување на граничните контроли

Од:

Министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе се сретнат денеска во Амстердам на неформален состанок, на кој ќе бидат разгледани опциите за продолжување на времените гранични контроли во Шенген зоната, со цел да се контролира приливот на мигрантите.

Според членот 26 од Шенгенскиот договор, кој никогаш досега не е применет, се дозволува една или повеќе членки да воведат двегодишна контрола на своите граници.

– Се уште го немаме употребено тој механизам, но постои таква можност и Комисијата е подготвена да ја искористи доколку е потребно, истакна неодамна портпаролка на ЕК, Наташа Берто.

Таа додаде дека ЕУ се уште не е во таква ситуација, но министрите во Амстердам ќе имаат можност да разговараат во врска со тоа.

Воведените времените гранични контроли истекуваат во мај, што значи мора да бидат или укинати или продолжени уште две години, доколку Берлин оцени дека „трајните пропусти на надворешните граници на Шенген зоната тоа го оправдуваат“.

Еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопулос изјави дека Грција не е сама по прашањето за решавање на бегалската криза, порачувајќи дека „државите мора да преземат своја одговорност“.

– Доколку падне Шенген зоната, тогаш ќе почне да се урива цела европска конструкција, истакна Аврамопулос, додавајќи дека границите на ЕУ нема да се затворат.

Би можело да ве интересира

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он