Министрите од „нормандиски состав“ повикаа за спроведување на договорот од

Од:

Министрите за надворешни работи на Украина, Русија, Франција и Германија денеска повикаа за строго почитување на договорот за прекин на огнот во Источна Украина.

Во заедничко соопштение, изнесено од францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус, се повикуваат сите страни во конфликтот да почнат со целосен прекин на огнот и повлекување на тешкото вооружување.

Министрите за време на тричасовниот состанок во Париз, исто така, постигнаа согласност дека е потребо зајакнување на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Источна Украина. Во заедничкото соопштение, исто така, се бара на набљудувачите да биде обезбеден пристап до областите под контрола на двете страни и со нив да се соработува при повлекувањето на тешкото вооружување.

Ова е прва средба на министрите за надворешни работи во „нормандиски состав“ откако лидерите на четирите држави во Минск на 12 февруари постигнаа договор за примирје во Источна Украина.

Со договорот од Минск се предвидува прекин на огнот, повлекување на тешкото вооружување и уставни реформи, што ќе ги земат во превид легитимните права на населението на Донбас, во Источна Украина.

Би можело да ве интересира

Минск: Украински проектил падна на белоруска територија

А1он

Минск: Западот сака да отвори втор фронт

Протест во Минск, уапсени десетици луѓе

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 30 лекари уапсени на протест во Минск

А1он

Во Минск судири помеѓу полицијата и демонстрантите, приведени и новинари

А1он

Приведени над 250 демонстранти во Минск

Предраг Петровиќ