Приведени над 250 демонстранти во Минск

Од:

Белоруските безбедносни сили на денешниот митинг во Минск приведоа над 250 демонстранти, соопшти Министерството за внатрешни работи, додека десетици илјади демонстранти се излезени на улиците низ главниот град на последниот, петти голем антивладин протест од претседателските избори, јави ДПА.

Огромна толпа луѓе е собрана во главниот град Минск, додека демонстрации се одржуваат и во други градови, додава германската агенција.

Голем контингент полицајци и војници уште од претпладнето беше видлив низ улиците во Минск, а многу од нив го блокираа Плоштадот на независноста и пристапните улици и булевари до него. Слични сцени беа видливи во градската Палата на Република, клучната владина зграда.

Споредните улици, исто така, се полни со безбедносен персонал и блиндирани транспортни возила.

Протестите веќе петта недела ја потресуваат Белорусија, откако голем дел од населението одби да ги прифати резултатите од последните избори, за кои властите соопштија дека му дадоа на претседателот Александар Лукашенко повеќе од 80 проценти од гласовите.

Тој со земјата владее над четвртина век и честопати се нарекува последен диктатор во Европа.

Групата за човекови права „Вијасна“ изјави дека многу од новоприведените се жени и дека за време на приведувањата е пријавено насилство.

Денешниот редовен неделен протест, под паролата „Маршот на хероите“, е фокусиран на притворените, како Марија Колесникова, која е затворена под обвинение за обид за соборување на владата. Нејзиниот адвокат ги оцени обвиненијата апсурдни, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Повеќе од 150.000 луѓе на антидесничарскиот протест во Берлин

Горан Наумовски

Прва победа на земјоделците, ЕУ попушти пред нивните барања

Горан Наумовски