Министерот за одбрана на САД од 17 до 23 април во посета на Блискиот исток и Африка

Од:

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис ќе ги посети Блискиот исток и Африка во период од 17 до 23 април.

Матис ќе тргне на 17 април, а следниот ден ќе пристигне во Саудиска Арабија, каде со саудиски претставници ќе разговара за безбедносни прашања, како и за воените дејствија во Јемен. На 19 април тој ќе го посети Египет.

На 20 април Матис ќе биде во Израел, каде ќе оствари средба со шефот на државата, со премиерот и министерот за одбрана.

На 22 април американскиот министер ќе се сретне во Катар со претставници на локалните власти, а на 23 април ќе го посети Џибути и ќе разговара со претседателот на таа земја.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас