Министерката за правда и за полиција Симонета Сомаруга избрана за претседател на Швајцарија за 2015 година

Од:

Симонета Сомаруга, досегашен потпретседател и министер за правда и за полиција на Конфедерацијата Швајцарија, денеска од Парламентот е избрана за ротациски претседател на земјата за 2015 година, соопштија француските медиуми.

На 1 јануари 2015 година 54-годишната Сомаруга, член на Социјалдемократската партија на Швајцарија, ќе го замени актуелниот шеф на државата (и министер за надворешни работи) Дидие Буркхалтер од десноцентристичката партија РДП.Либерали.

За потпретседател на земјата во 2015 година, на местото на Сомаруга, е избран министерот за економија, образование и научни истражувања, Јохан Шнајдер-Аман, од РДП.Либерали.

Претседателот и потпретседателот во Швајцарија се бираат од страна на
Парламентот од редовите на членовите на Владата и тоа за рок од една
година и само за еден мандат.

Сомаруга е членка на Владата од 2010 година. Таа ја спроведува политиката на ограничување на имиграцијата и за либерализирање на државните услуги.

Сомаруга, која по образование е пијанистка, воедно е и ревносен борец за еднаквото плаќање на трудот на жените и мажите.

Таа на новата функција беше избрана од 181 од вкупно 236 пратеници во Националниот совет (Долниот дом на Парламентот).

Симонета Сомаруга е петта жена претседател на Швајцарската конфедерација по Рут Драјфус (1999 година), Мишлин Калми-Реј (2007 и 2011 година), Дорис Лојтхард (2010 година) и Евелин Видмер-Шлумпф (2012 година).

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски