Милијарда долари за филм за пророкот Мухамед

Од:

Компанијата Алнор Холдинг од Катар обезбеди буџет од една милијарда долари за филмски проект кој ќе се занимава со животот на пророкот Мохамед.

Директорот Ахмед Ел-Хасеми изјави дека таа компанија обезбедила буџет за снимање филм во седум делови.

Хасеми додаде дека буџетот го зголемиле на една милијарда долари од претходните 1,5 милиони колку што беше договорено пред три години.

Филмот ќе се снима во рамки на исламските правила и во него нема да се види ликот на пророкот Мухамед. Филмот ќе биде сниман на англиски јазик и ќе биде преведен на уште неколку јазици. Режијата ќе биде на Бари Озборн кој го режираше Матрикс. Сценариото за филмот веќе е подготвено, јави Анадолија.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето