Микл-Лајтнер: Преживувањето на ЕУ зависи од намалување на миграцискиот прилив кон Европа

Од:

 Австриската министерка за внатрешни работи, Јохана Микл-Лајтнер, чија земја денеска организира регионална конференција посветена на бегалската криза, смета дека намалувањето на миграцискиот прилив кон Европа е прашање на преживувањето на ЕУ, пренесува БТА.

– Ние сега треба да го намалиме приливот на мигранти. Тоа е прашање на преживувањето  на ЕУ, изјави Микл-Лајтнер и предупреди дека има ризик заради миграциската криза да дојде до повампирување на национализмот на европската политичка сцена.

Австриската министерка миграциската политика на соседна Германија ја оцени како противречна, дополни ТАСС.

– Германија треба да реши каков сигнал ќе испрати. Од една страна, Германците ја уверуваат Грција дека ја поддржуваат политиката на отворени врати, а од друга страна сакаат од Австрија да го запре приливот на мигранти, се бранаше Микл-Лајтнер и притоа Германија ја повика да ја дефинира својата стратегија за борба со миграцискиот прилив.

Австрија од минатата недела воведе дневни квоти за транзит на мигранти и утврди бројка од 3.200 мигранти на ден. Германските власти изјавија дека ова ниво е неприфатливо и од Австрија побараа да го намали. Во одговор на повикот на Берлин Микл-Лајтнер денеска уште еднаш потврди дека утврдените дневни квоти за мигрантите кои транзитираат низ нејзината земја остануваат непроменети.
Претходно денеска австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц ги обвини земјите од ЕУ, кои ја поддржаа политиката на отворени врати кон мигрантите, за заострување на миграциската криза.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче