Мигранти ја пробија заштитната ограда, влегоа во Шпанија од Мароко

Од:

Црвениот крст на Шпанија соопшти дека им пружил помош за 186 мигранти, кои изутринава ја пробиле заштитната ограда, со цел од Мароко да влезат во шпанската енклава Сеута во Северна Африка.

Група од околу 100 мигранти ја пробија заштитната ограда, изненадувајќи ги мароканските и шпанските безбедносни сили. Во тој налет се повредени четворица мигранти, кои се однесени во болница, како и еден полицаец.

Обидите за насилно преминување на пограничните пунктови не е вообичаена појава, бидејќи на нив вообичаено има голем број полициски сили.

Повеќе илјадници мигранти од субсахарското подрачје, кои илегално живеат во Мароко, редовно се обидуваат да ја заобиколат пограничната ограда, која ги опкружува Сеута и Мелија, за да влезат на шпанска територија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски