„Мерсер“: Виена е најдобар град за живеење

Од:

Виена повторно е прогласена за град во кој најдобро се живее, а Багдад е прогласен за најлош град за живеење, се наведува во анализата на консултантската фирма „Мерсер“ (Mercer).

Цирих, Минхен, Диселдорф и Франкфурт и годинава се во првите десет градови во кои добро се живее.

Виена, во која живеат 1.7 милион луѓе шеста година по ред е на прво место. Главниот град на Австрија може да се пофали со богат културен живот, сеопфатно здравствено осигурување и умерени цени на домовите. Градскиот транспорт чини едно евро дневно ако се извади годишен билет.

Во првите десет градови во кои добро се живее се наоѓаат седум европски градови и по еден од Нов Зеланд, од Австралија и од Канада.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче