Мерките на ЕУ за обнова на важните морски екосистеми не вродија со плод, утврдија ревизорите

Од:

Мерките на ЕУ не доведоа до обновување на важните морски екосистеми, а Средоземното Море е особено изложено на ризик. Тоа се нагласува во новиот тематски извештај објавен денеска од Европскиот суд на ревизори.

Рамката за животна средина на ЕУ се занимава со премногу проблеми површно за да се овозможи враќање на добриот статус на животната средина во морињата, а финансирањето на ЕУ ретко се користи за поддршка на зачувување на морски видови и живеалишта.

Ревизорите открија дека морските заштитени подрачја всушност добиваат ограничена заштита и дека прекумерниот риболов продолжува, особено во Средоземното Море, се вели во соопштението на Судот.

Прекумерниот риболов не само што им штети на одделни видови, туку редовно ги уништува мрежите на целата морска храна и на тој начин им штети на морските екосистеми како целина.

ЕУ е посветена на заштитата на морското опкружување преку спроведување на нејзините политики за животна средина и риболов. Главните еколошки политики на ЕУ се утврдени во Рамковната директива за морска стратегија, Директивата за птици и Директивата за живеалишта и вклучуваат воспоставување мрежа на морски заштитени подрачја.

Целта на Заедничката политика за риболов на ЕУ е да се осигури дека риболовните активности се еколошки одржливи и да се минимизираат нивните негативни ефекти врз морскиот екосистем.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски