Германската канцеларка Ангела Меркел го објави документот на надлежните здравствени власти издаден по вакцинирањето со „Астра зенека“ против Ковид-19.
„Се радувам што денес ја добив првата доза на АстраЗенека. Им благодарам на сите кои се ангажираат во кампањата на вакцинација и на сите кои се вакцинираат. Вакцинирањето е клучно за сузбивање на пандемијата“ – се вели во изјавата која заедно со документот е објавена на Твитер профилот на портпаролот на Владата.
„Астра зенека во Германија“ се дава на лицата над 60 години, а со ова Меркел испрати сигнал дека и натаму верува во оваа вакцина.