ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

Од:

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел доби награда за нејзината улога во начинот на кој нејзината земја прифати над 1,2 милиони бегалци и луѓе кои бараат азил во 2015 и 2016 година. За ова денеска во Женева информираше агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, јави ДПА.

„Д-р Меркел покажа што може да се постигне кога политичарите го преземаат вистинскиот курс на дејствување и работат за да најдат решенија за светските предизвици, наместо само да ја префрлат обврската на други“, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Наградата за бегалци Нансен, што УНХЦР ја доделува сеÐ �оја година, е во вредност од 150.000 долари. Таа го носи името на Фридјоф Нансен, норвешки поларен истражувач и хуманитарец кој ја добил Нобеловата награда за мир во 1922 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Неухранетоста и болестите ќе доведат до „експлозија на смртност“ кај децата во Газа

Обединетите нации нема да учествуваат во присилното раселување на Палестинците

Катерина Ѓуровски

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Меѓународниот суд на правдата ќе донесе важна одлука за Украина и Русија

Советот за безбедност на ОН денеска повторно ќе се обиде да гласа за Газа