Меркел: Путин можеби чекаше да заминам за да ја нападне Украина

Од:

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел призна дека на крајот на нејзиниот мандат ослабела нејзината способност да влијае на рускиот претседател Владимир Путин, кој можеби го чекал нејзиното заминување за да ја нападне Украина.

Меркел, која беше остро критикувана од украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник на почетокот на јуни за оправдување на нејзината долгогодишна политика кон Русија без трошка самокритика, даде изјава за германското радио додека Русија продолжува да ја бомбардира Украина, сакајќи да окупира делови од југот и истокот во војна која ја промени безбедносната состојба во Европа и пошироко.

„Стана јасно дека нема уште долго да бидам во канцеларијата, па едноставно морам да признаам дека одредени обиди минатата година веќе немаа влијание“, изјави Меркел за германскиот медиум Redaktionsnetzwerk Deutschland.

Познато е дека Меркел во нејзините 16 години владеење одржуваше контакти со Путин дури и во тешки времиња и се трудеше да се погрижи оваа комуникација никогаш да не згасне.

Војната започна на 24 февруари, а Меркел не ја отфрли можноста Путин да чекал таа да ја напушти функцијата за да ја нападне соседна Украина.

Можно е и тоа да влијаело, но имало и други фактори како „изборите во Франција, повлекувањето на армијата од Авганистан и доцнењето на спроведувањето на Договорот од Минск“, рече Меркел.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли