Меркел очекува британскиот парламент да го одобри договорот за Брегзит

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека очекува британскиот парламент да го одобри договорот за Брегзит, кој британскиот премиер БорисЏонсон го склучи со ЕУ.

– Јас на овој договор му давам многу, многу голема шанса да биде одобрен и во Велика Британија и тоа би било добро за сите нас, рече Меркел на собирот на бизнисмени во Берлин.

Џонсон денеска ја доби најзначајната поддршка во предизборната кампања, откако Партијата за Брегзит на Најџел Фараж се повлече од трката на 317 места, сакајќи да помогне во победата на конзервативните кандидати и да ги спречи противниците на Брегзит да го контролираат следниот парламент.

Овој потег значително ги зголемува шансите на Џонсон да остане премиер и конечно да се спроведе резултатот од референдумот одржан во 2016 година, кога Велика Британија одлучи да ја напушта Европската унија.

Би можело да ве интересира

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он