Меркел објасни зошто преферирала руски гас

Од:

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која беше на функцијата од 2005 до 2021 година, го објасни својот претходен избор за руски гасовод наместо течен природен гас со придобивките за индустријата. Таа зборуваше за ова во интервју за уредничкото здружение РНД, кое беше објавено денеска.

– Германската економија избра достава на гас преку цевководи од Русија, бидејќи беше економски поевтин од течниот гас од Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, а подоцна и од САД, рече поранешната канцеларка.

– Не верував дека може да се постигне промена преку трговија, но дека е можно да се воспостават врски, особено со нуклеарна сила, рече таа.

– Во овој контекст, по склучувањето на договорите од Минск, сметав дека Северен тек 2 е прифатлив, додаде Меркел.

Северен тек – 2 беше целосно поставен, но никогаш не беше пуштен во употреба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални