Меркел: Нема оправдување за изјавите на Ердоган

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека нема „апсолутно никакво оправдување“ за коменатарите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ги спореди забраните на германските власти за одржување на политички митинзи со „нацистичките пракси“.

– Изјавите на Ердоган служат само за омаловажување на неизмерното страдање на засегнатите од нацистичките злосторства против човештвото и посебно жалосно е ако се имаат во предвид големиот број заеднички фактори, кои ги поврзуваат двете земји сојузнички од НАТО, посочи Меркел.

Таа призна дека има големи разлики меѓу Германија и Турција за прашањата за слободата на медиумите и притворањето на германскиот новинар од турско потекло Дениз Јуџел.

Меркел потенцира дека Берлин останува верен на своите уверувања за слобода на медиумите, на собири и на изразување и оти ќе продолжи да им дозволува на турските политичари да агитираат во Германија за референдумот за уставни реформи во Турција, ако посетите бидат најавени на транспарентен начин и навреме за да може да се почитуваат германските закони.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски