Меркел: Не се сомневам дека ЕУ и Лондон можат да постигнат добар резултат за Брегзит

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел не се сомнева дека ЕУ и Велика Британија можат да постигнат добар резултат за Брегзит.

– Апсолутно не се сомневам. Доколку сите сме посветени, можеме да поистигнеме добар резултат, изјави Меркел на прес-конференција на средба на врвот на ЕУ во Брисел.

Таа истакна дека очекува договор со Велика Британија во врска со Брегзит.

Според неа, потребна е напорна работа за да се стигне до втора етапа во преговорите за излез на Британија од ЕУ.

Меркел нагласи дека британската премиерка Тереза Меј прави се што е потребно со партнерите од ЕУ за постигнување договор за Брегзит, но тоа се уште „не е доволно“.

Германската канцеларка потенцира дека процесот „се движи чекор по чекор“.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори