Меркел: Да се искористи секоја можност за дијалог со Русија

Од:

Во услови на украинската криза и влошувањето на односите меѓу Западот и Русија потребно е да се искористи секоја можност за дијалог со Москва, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел на самитот на Групата 20 најбогати држави во светот, кој се одржа во австралискиот град Бризбејн.

– Важно е да се забележи и искористи секоја можност, нагласи Меркел.

Таа вчера во Бризбејн се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

– Тие разговори беа доверливи, изјави таа.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков истакна дека на средбата акцент бил ставен на ситуацијата во југоисточна Украина.

– Претседателот Путин детално го изнесе рускиот став за таа ситуација, рече Песков.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија