Меркел: Британија не треба да има илузија околу Брегзит и преговорите со ЕУ

Од:

Германскиот канцелар, Ангела Меркел, изјави денеска во Берлин дека некои луѓе во Велика Британија „имаат илузии“ околу Брегзит и претстојните преговори со ЕУ за британското напуштање на Унијата.

Според Меркел, идните британско-европски односи ќе може да се разгледуваат и за нив да се направи спогодба, дури тогаш кога ќе се разрешат прашањата поврзани со Брегзит, а тоа е, пред се, британските плаќања во европскиот буџет што произлегуваат од британското напуштање на Унијата.

– Некои луге во Британија се уште имаат илузии околу преговорите и она што ќе се постигне, рече Меркел во германскиот Парламент, добивајќи силен аплауз од пратениците кога британските илузии ги нарече „залудно трошење време“.

Таа му порача на Лондон дека „трета земја“ како што ќе биде третирана Британија по Брегзит, не може да има исти права, како и земјите членки.

– Сите 27 земји од Унијата, како и европските институции се согласни околу ова, изјави Меркел.

Германскиот канцелар зборуваше дека приоритет во преговорите треба да бидат статусот на државјаните на ЕУ во Британија и на Британците во Унијата, како и плаќањата на Британија во европскиот буџет.

Во Брисел се оперира со износ од околу 60 милијарди евра, на што во Лондон се одговара со неприфаќање на еден таков износ, што некои британски министри веќе го нарекоа „бесмислен“.

Околу три милиони ЕУ државјани постојано живеат во Британија, а над 1,5 милион Британци се низ земјите во Европа.

Во Берлин се тврди дека на британската територија постојано живеат над 100 илјади Германци.

„За тоа какви треба да бидат односите на ЕУ со Британија и за тоа како ќе се спогодиме за нив, може да се преговара кога сите овие претходни прашања, директно поврзани со Брегзит, ќе бидат задоволително разрешени“, рече Ангела Меркел во своето обраќање пред пратениците во германскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад