Меркел: Брегзитот ќе има своја цена

Од:

Европската унија ќе се однесува коректно и фер кон Велика Британија откако земјата ќе го напушти блокот, но Лондон мора да биде свесен дека Брегзитот ќе има своја цена, изјави денеска во Берлин германската канцеларка Ангела Меркел.

Говорејќи на конференција за семејните бизниси, Меркел нагласи дека цената од Брегзитот за Велика Британија ќе биде поголема доколку Лондон не се согласи на слободно движење на државјаните на земјите членки на ЕУ.

– Ќе треба да видиме како да го избалансираме сето тоа. На ЕУ ќе и се потребни механизми за справување со новите правила во Велика Британија по Брегзитот, кои би можеле да ја загрозат слободната конкуренција, порача Меркел.

Ваквата изјава на Меркел доаѓа само два дена откако таа предупреди дека целата британска индустрија, почнувајќи од производството на автомобили, па се до обичните нешта, како патувањето на кучињата и мачките, можат да бидат погодени, доколку Велика Британија се определи за целосен прекин на врските со ЕУ.

Меркел притоа го спореди Брегзитот со разговорите за постигнување и договор за слободна трговија и потсети на потребата за почитување на европските правила.

Таа му порачала на Лондон дека Велика Британија може да ги смени европските правила и прописи, дури откако ке се повлече од ЕУ, но дека тоа ќе повлече со себе и последици.

Во меѓу време, британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис, кој силно агитираше за напуштање на Унијата, изјави дека британската премиерка Тереза Меј ги натерала европските лидери „да се повлечат“ по појавувањето на деталите од „вечерата со расправија“ во Даунин стрит 10, меѓу неа и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

– Им покажавме дека Британија сака да прави бизнис, а не да си игра некакви смешни игри, изјави Дејвис за антиевропскиот лондонски „Дејли Експрес“.

Тој нагласи дека половината од своето работно време го троши на правење проекции за тоа како да се постапи ако не се постигне договор со Европската Унија.

По написот на германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтинг“ дека Јункер бил разочаран од позициите на Меј и дека е десетпати поголем песимист од пред таа работна вечера во Лондон, во еден од настапите за предвремените избори во Велика Британија, британската премиерка грубо обвини „некои политичари и медиуми на континентот“ дека се мешаат во изборите во земјата за да издејствуваат пораз на конзервативците.

Набргу потоа, Лондон се обиде да ја смири тензијата и да се избегнат јавните префрлања, но антиевропските политичари во ториевскиот блок на Меј ја користат кампањата за изборите за пресметка со ЕУ и во обид да ги уверат гласачите дека Брегзитот е добро решение за земјата и за Британците.

Велика Британија во март официјално го покрена процесот за истапување од ЕУ, а преговорите меѓу Лондон и Брисел за Брегзитот се очекува да започнат кон средината на јуни, веднаш по британските предвремени парламентарни избори кои се закажани на 8 јуни.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија