Меккејн: САД виновни што Украина користи касетни бомби

Од:

Претседавачот на американскиот сенатски одбор за оружени сили Џон Меккејн изјави дека САД се виновни што Украина користи касетни бомби, пренесе Танјуг.

Меккејн призна дека Украина користи касетни бомби, бидејќи „не е снабдена со различни видови вооружување“.

– Сметам дека да ги снабдувавме со вооружување кое ќе им беше потребно, тие не би мораа да користат касетни бомби. Тоа делумно е наша грешка, рече Меккејн.

Хјуман рајтс воч ги потврди во извештај дека во ноември минатата година тврдењата на населението во Доњецк и Луганск дека украинските сили користеле касетна муниција во населените подрачја.

Организацијата соопшти дека украинските сили користеле касетна муниција на 2 октомври при гранатирање на Доњецк, кога загинал и припадник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина