„Мејл он Сандеј“: Џонсон нема да и плати на ЕУ 30 милијарди фунти

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ги извести лидерите на ЕУ дека ако ја напушти Унијата без претходно да се договори со Брисел, тој ќе задржи 30 милијарди фунти (околу 32,7 милијарди евра) што треба да ги плати на ЕУ.

Според „Мејл он Сандеј“, Џонсон планира да им ја пренесе таа вест на лидерите на ЕУ за време на самитот на Г7, што моментно се одржува во Биариц, Франција.

Според лондонскиот весник, Џонсон ќе им пренесе на лидерите на ЕУ, повикувајќи се на заклучоците на адвокати, дека во случај на брегзит без договор, Лондон ќе плати само девет милијарди фунти (околу 9,8 милијарди евра), а не 39 милијарди фунти (околу 43,1 милијарди евра), што е сумата што ја договори ЕУ со поранешната премиерка Тереза Меј.

Џонсон ќе се повика на заклучоците на адвокатите дека од Лондон се бара само да ја плати таа сума, а не дополнителните трошоци „поврзани со периодот на транзиција“.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ