Меј: Велика Британија останува на планот за Брегизт

Од:

Британската премиерка Тереза Меј пред важните разговори со лидерите од ЕУ изјави дека планот за излегување на земјата од Унијата останува во сила.

Таа синоќа претрпе неуспех во Долниот дом на британскиот Парламент, кога членови на нејзината Конзервативна партија го поддржаа предлогот со кои пратениците имаат поголема контрола врз процесот за Брегизт. Таа кажа дека е разочарано, но забележа дека британската Влада досега добила 35 од 36 гласање за Брегзит.

Долниот дом на британскиот Парламент синоќа усвои резолуција, со која се бара ова законодавно тело да го одобри идниот договорот меѓу Велика Британија и ЕУ за Брегзит пред тој да стапи во сила и покрај противењето на Меј.

Меј вчера во обраќањето пред пратениците оцени дека документот „може да доведе до хаотично излегување на Велика Британија од Унијата“.

Би можело да ве интересира

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина