Меј: Слободното движење на луѓе мора да продолжи одредено време по Брегзит

Од:

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е можно слободното движење на луѓе меѓу Велика Британија и Европската унија да продолжи одредено време по стапувањето во сила на Брегзит, јави Би-Би-Си.

За време на посетата на Саудиска Арабија Меј истакна пред новинарите дека таа преодна фаза по излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе им овозможи на компаниите и владите да добијат време да се адаптираат кон евентуалните нови ограничувања, кои биле договорени во спогодбата за Брегзит.

Весникот „Фајненшл тајмс“ објави дека Меј изјавила оти Велика Британија нема да ја финализира новата трговска спогодба со ЕУ додека не заврши процедурата за Брегзит во 2019 година, со оглед на тоа дека има правни барања како ЕУ да ги води трговските преговори.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ