Меј огорчена поради однесувањето на Северна Кореја

Од:

Британската премиерка Тереза Меј, пред најавената посета на Токио, истакна дека е огорчена поради најновото лансирање на балистичка ракета од страна на Северна Кореја.

– Премиерката е огорчена поради безобѕирните провокации на Северна Кореја и најостро ги осудува овие нелегални проби. Од наша перспектива, сакаме да продолжиме да работиме со нашите меѓународни партнери, со цел да продолжиме да ја притискаме Северна Кореја, изјави портпаролот на Меј.

Тој додаде дека владини претставници од Велика Британија и од Јапонија се во постојан контакт.

Меј од утре до петок ќе биде во официјална посета на Јапонија.

– Следните три дена премиерката ќе има прилично време да дискутира со јапонскиот премиер Шинзо Абе, покрај другото и за Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он