Меј нареди да се спроведе целосна истрага за пожарот во Лондон

Од:

Британската премиерка Тереза Меј нареди денеска да се спроведе целосна истрага за пожарот што се случи во кулата Гринфил во Лондон, при што досега загинаа најмалку 17 лица.

– Сега народот сака одговори и поради тоа денеска наредувам целосна истрага за оваа катастрофа. Мораме да знаеме што се случило мораме да имаме објаснување. Луѓето заслужуваат одоговори, а оваа истрага ќе им го даде тоа, нагласи денеска Меј.

Билансот на жртви денеска стигна до 17, а лондонската полиција стравува дека може да биде и поголем.

– За жал можам да потрдам дека бројот на жртви сега е 17, наведе денеска командантот на лондонската полиција Стјуарт Канди.

Тој прецизираше дека се хоспитализирани 37 лица, од кои 17 се во критична состојба.

Лондонските пожарникати наведоа дека „би било чудо да се пронајде некое лице живо“.

Комесарот на пожарникарска служба во Лондон Дени Котон изјави дека пожарникарите не успеале да спроведат целосно пребарување во 24-катницата бидејќи не е безбедно да се движат по ивиците на зградата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во Лондон, 11 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Демонстрантите во Лондон кои маршираа за поддршка на Палестина го затворија Тауер бриџ

Горан Наумовски