Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Од:

Карим Кан, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, изјави за Си-Ен-Ен дека бара налози за апсење на лидерот на Хамас Јахја Синвар и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Кан рече дека налози се бара и за израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, како и за двајца други врвни водачи на Хамас – Мохамед Диаб Ибрахим ал-Масри, шеф на бригадите Ал Касем – попознат како Мохамед Деиф и Исмаил Ханије, политичкиот лидер на Хамас.

Ова е првпат судот во Хаг да ги таргетира израелските политичари, земја која е близок сојузник на САД.

Одлуката го става Нетанјаху во друштво на рускиот претседател Владимир Путин, по кого судот во Хаг издаде налог за апсење поради војната на Москва против Украина.

Судскиот совет сега ќе го разгледа барањето на Кан за налог за апсење на лидерите на Хамас и Израел. .

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

А1он

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски