Меѓународната помош за Украина достигна 15 милијарди долари

Од:

Меѓународната финансиска, техничка и хуманитарна помош обезбедена за Украина изнесува повеќе од 15 милијарди долари, соопшти прес-службата на Народната банка на Украина.

„Народната банка проценува дека вкупниот износ на меѓународна финансиска, техничка и хуманитарна помош е над 15 милијарди долари, од кои над 5 милијарди долари се директно за буџетот“, се вели во соопштението на регулаторот.

Прес-службата истакна дека западните партнери и меѓународните организации „се обврзаа да одвојат значителни суми за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина и поддршка на нејзината економија“.

„Конкретно, ЕУ ќе обезбеди 1,2 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина. Групата на Светска банка исто така реагира. Се очекува финансирање од ММФ. Значителен број земји најавија поддршка“, се вели во соопштението на Народната банка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје