Медведев: За истражување на нафта и гас 9,4 милијарди долари

Од:

За геолошки и истражувања на минерални ресурси, Русија планира до 2020 година да издвои најмалку 320 милијарди рубљи (9,4 милијарди долари), изјави синоќа рускиот премиер Дмитриј Медведев.

– Минатата година за геолошки истражувања од сојузниот буџет издвоени се над 32 милијарди рубљи. Оваа година за таа цел се планира да се одделат 35 милијарди рубљи, истакна Медведев.

– Тоа се многу значајни средства и ги насочуваме во истражување на перспективни региони, каде шансите за откривање на големи и значајни наоѓалишта се најголеми, укажа Медведев на владината седница.

Годишниот раст на истражуваните наоѓалишта од 2005 година го надминува нивото на нивно производство, но целта е и другите природни ресурси да достигнат слични показатели, додаде Медведев.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија