Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев вчера повторно ја спореди Украина со нацистичка Германија, кога предложи Украина да се преименува во „Швајниш Бандера-Рајх“ (Schweinisch Bandera-Reich). Овој потег дојде како одговор на украинската петиција со која се повикува украинската влада да ја преименува Русија.
Зеленски одговори на петицијата во петокот, откако таа собра 25.000 потписи потребни за одговор од украинската влада. Петицијата, која ја обвинува Русија за кражба на идентитетот на сите Руси во Источна Европа, ги повикува Украинците „да си ги вратат идентитетот и историјата“, пишува Jerusalem Post.
Во објава на Твитер, Медведев го нарече украинскиот претседател „главниот нацист во Киев“, предупредувајќи дека Русија ќе одговори на потегот на Киев. „(Зеленски) нареди да се разгледа официјалното преименување на Русија во Московија. Каков би бил нашиот одговор? Преименување и на Украина, но не во Укроланд и дефинитивно не во Мала Русија“, напиша Медведев.
The head Nazi in Kiev has ordered to consider officially renaming Russia to Moscoviya. What would our response be? Renaming Ukraine as well, but not to Ukroland, and definitely not to Malorossiya. Just Schweinisch Bandera-Reich. Exakt!
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) March 11, 2023
„Само Schweinisch Bandera-Reich. Точно!”, порача тој. Медведев го искористи тоа име за да алудира на Степан Бандера, воен украински екстремно десничарски лидер чие милитантно крило на Организацијата на украинските националисти соработуваше со нацистичка Германија за време на Втората светска војна.
Иако Зеленски призна дека знаел за „меѓународните правни последици“ од преименувањето на Руската Федерација, тој сепак нареди „сеопфатен преглед“ на петицијата на неговиот премиер Денис Шмихал за испитување на законитоста на таквиот потег.