Руски напад на Криви Рог: Најмалку 18 загинати, меѓу кои и девет деца

Од:

Бројот на загинати во рускиот балистички напад на Криви Рог се искачи на 18, од кои девет деца, а 56 лица се повредени, соопшти претседателот на Советот за одбрана на Криви Рог, Александар Вилкул, пренесува Укринформ.

„Според последните податоци, 18 лица загинаа како резултат на рускиот ракетен напад, меѓу кои девет деца. Има 56 повредени“, напиша тој на Телеграм, пренесува Укринформ.

Оваа информација ја потврди шефот на Регионалната државна управа на Дњепропетровск Сергеј Лисак.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир