Медведев: Испораката на томахавк ракети може лошо да заврши за сите, пред се за Трамп

Од:

Заменик-претседателот на рускиот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, денес го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека „ѝ се заканува на Русија по стоти пат“.

„Трамп рече – ако претседателот на Русија не го реши украинскиот конфликт, тоа ќе заврши лошо за него. Накратко, тој се заканува по стоти пат. Ако овој бизнисмен-миротворец мисли на Томахавци, тогаш се изразил неправилно. Испораката на тие ракети може да заврши лошо за сите. А пред сè за самиот Трамп“, објави Медведев на својот Телеграм канал.

Медведев предупреди дека „сто пати е јасно кажано она што може да го разбере и „ѕвездено-пругастиот чичко“ (Трамп), дека е невозможно да се направи разлика помеѓу нуклеарната и обичната верзија на Томахавкот.

Би можело да ве интересира

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април

Каде исчезнаа парите за Украина: Трамп помладиот ја започнува истрагата на векот

Горан Наумовски

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Жестока реакција на Трамп до европските држави: Ќе мора да научите да се борите сами, Америка нема да ви помогне.

„Трамп е подготвен да ја заврши војната дури и ако Иран не го отвори Ормузскиот брег“

Трамп се заканува со тотално уништување во Иран: Сè ќе експлодира