Жестока реакција на Трамп до европските држави: Ќе мора да научите да се борите сами, Америка нема да ви помогне.

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп, во објава на социјалната мрежа Truth Social, испрати остра порака до европските сојузници, особено до Велика Британија, во контекст на прекините во снабдувањето со енергија поради ситуацијата во Ормускиот теснец.

„Сите оние земји кои не можат да добијат гориво за авиони поради Ормускиот теснец, како Велика Британија, која одби да учествува во соборувањето на иранскиот режим, имам предлог за вас: прво, купете од Соединетите Американски Држави, имаме доволно, и второ, соберете дополнителна храброст, одете во Ормускиот теснец и едноставно преземете го.

Ќе мора да почнете да учите како да се борите сами, Соединетите Американски Држави повеќе нема да бидат таму да ви помогнат, исто како што вие не бевте таму за нас. Иран е, во суштина, уништен. Тешкиот дел е завршен. Одете земете ја вашата нафта!“

Да потсетиме дека Трамп претходно ја критикуваше британската одлука да не се приклучат на воената операција против Иран и рече дека сојузниците на НАТО повеќе не можат да сметаат на автоматска американска поддршка во кризи.

Војната меѓу САД, Израел и Иран започна кон крајот на февруари кога американските и израелските сили започнаа напади врз ирански воени и нуклеарни цели, вклучувајќи ги базите на Револуционерната гарда и објектите поврзани со ракетната програма на Иран.

Иран возврати со ракетни и беспилотни летала напади врз американските бази во регионот и врз цели во Израел и земјите од Персискиот Залив, додека конфликтите се проширија и на поморскиот сообраќај, особено во Ормутскиот теснец, низ кој минува голем дел од светската нафта.

Тензиите продолжуваат да растат и покрај повремените сигнали за можни преговори, ниту една страна досега не покажа подготвеност за брз крај на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Трамп ги укина санкциите и царините кон Русија

Портпаролката на Трамп призна дека паднала на правосудниот испит

Трамп се закани поради протекувањето воени тајни: „Треба да бидат стрелани“

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска