Маж од Шри Ланка се самозапалил додека чекал азил во Австралија

Од:

Едно лице од Шри Ланка, кое барало азил во Австралија, се самозапалило во саботата додека ја чекало одлуката за виза, соопшти денеска австралискиот министер за имиграција Скот Морисон.

Припадник на тамилската бегалска група истакна дека починатиот „живеел во огромен страв“ од депортирање во Шри Ланка.

leo-seemanpillai

– Официјалните претставници на имиграциското одделение го заплашуваа повеќе пати и бараа од него доброволно да замине, тврди Аран Милваганам, припадник на Тамилскиот бегалскиот совет, кој за смртта на својот пријател ја обвини „нехуманата австралиска политика и суровост на властите“.

Леорсин Симанпилај (29), кој живеел во Џилонг, во близина на Мелбурн, добил привремена виза пред една година. Тој се здобил со изгореници на 90 отсто од телото и починал вчера во болница во Мелбурн.

Австралија има строга имиграциска политика, според која оние кои пристигнале со бродови по јули 2013 година и кои бараат азил се испраќаат во кампови на островите Манус или Науру во Тихиот Океан до добивањето привремени визи.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча