Маж од САД е уапсен за убиство на тинејџерка, нејзиното тело е пронајдено во ужасна состојба

Од:

Родни Даниелс (50) е прогласен за виновен за убиство од прв степен на 17-годишната Патриша Морено на 20 јули 1991 година, се вели во соопштението на канцеларијата на окружниот обвинител во Мидлсекс.

На тој кобен ден, полицијата реагирала на пријава во станот на третиот кат од зграда во Молден, Масачусетс и ја нашла Патриша со рана од куршум во главата. Девојчето живеело во станот со старателот, неговите две ќерки тинејџерки и момчето на постарата ќерка на Даниелс.

Кога дошла полицијата, Патриша била сама, лежела со лицето надолу на третиот кат од пожарникарските скали. Таа итно била пренесена во локалната болница каде починала кратко време подоцна поради тешка повреда на мозокот. Обдукцијата констатирала дека куршумот пронајден во нејзиното тело бил испукан од оружје калибар 38. Немало траги на насилно влегување во станот.

Кога полицијата го испрашала Даниелс, тој тврдел дека заспал во фотелјата во дневната соба и дека го разбудиле два истрели. Тој тврдел дека излегол на пожарникарските скали и ја нашол Патриша таму. Нејзиниот старател повикал полиција. Властите дознаа дека Даниелс поседувал неколку пиштоли во моментот на убиството, од кои едниот бил калибар 38. Во соопштението се вели дека Даниелс „се однесувал на заканувачки начин“ кон Патриша.

Случајот бил затворен бидејќи полицијата не можела да најде доволно докази за апсење. Повторно е отворен во 2023 година, кога инспекторите се вратија на местото на злосторството и ја реконструираа положбата на телото на Патриша на скалите. Утврдено е дека куршумот бил испукан од лице кое стоело во просторот на влезот во станот во кој живеела Патриша со своето згрижувачко семејство, се вели во соопштението.

Сведок кој живеел во станот на вториот кат за време на убиството, откри дека таа ноќ го разбудила „гласна врева“ и веднаш погледнал кон пожарникарските скали на третиот кат. Тој тврдеше дека видел млада жена која се бори за здив додека маж стоел зад неа. Го видел човекот како се враќа во станот и според физичкиот опис што го дал на полицијата, неговиот изглед се совпаѓал со Даниелс.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за убиецот од Стајковци

Горан Наумовски

ОЈО бара притвор за двојниот убиец од скопското село Стајковци

Горан Наумовски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Тројца осомничени за вчерашното убиство во Бања Лука