Матис и Столтенберг ветија дека ќе продолжат да го поддржуваат Авганистан

Од:

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја потврдија својата поддршка за обезбедување на мирот во Авганистан и за спречување на ширењето исламистички групи во земјата.

На заедничката прес конференција со авганистанскиот претседател Ашраф Гани, Столтенберг изјави дека е свесен за високата цена која НАТО ја плаќа за да го стабилизира Авганистан, но дека цената ќе биде уште повисока доколку НАТО се повлече.

Столтенберг вети средства од НАТО за финансирање на авганистанските безбедносни сили за уште најмалку две години. Секретарот Матис додаде дека САД, НАТО и авганистанските сили ќе продолжат да се борат против Ал Каеда, ИД, групата Хакани и талибанското движење и ќе ги спречат во нивните планови да го преземат Авганистан.

Пет лица беа повредени во ракетниот напад кој беше извршен врз аеродромот во Кабул при пристигнувањето на Матис и Столтенберг. Десетици ракети и минофрлачки гранати паднаа во близината на аеродромот но авионите на високите посетители не биле доведени во опасност.

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он