Матарела им даде уште време на партиите да формираат влада

Од:

Италијанскиот претседател Серџо Матарела изјави дека се согласил со барањето на политичките партии да им остави уште време за создавање можни коалиции, како алтернатива на предвремените избори.

Матарела пред новинарите во Рим кажа дека „сака што поскоро да види јасно решение, бидејќи тоа го бара големата нација“.

Тој додаде дека лидерите на партиите му кажале дека сакаат да разгледаат дали е можен договор за да се избегнат предвремени избори. Во вторник тој со сите нив ќе одржи нова рунда консултации.

Матарела навести и дека новата влада мора да биде доволно цврста за да ја добие довербата во парламентот и да има сеопфатна програма со набележени цели. Во спротивно, кажа тој, ќе го распушти парламентот и ќе распише избори за есен.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини инсистира на тоа дека изборите се најдобриот начин за земјата да излезе од политичката криза, но исто така остави и можност за реконструкција на владата, што може да ја заживее разурнатата коалиција на неговата екстремнодесничарска Лига и антирежимското Движење пет ѕвезди.

По средбата со Матарела десничарот Салвини навести дека е можна алтернатива на предвремените избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим