Масовни протести во Аргентина поради сомнителната смрт на државниот обвинител

Од:

Илјадници Аргентинци излегоа на улиците ширум земјата протестирајќи поради смртта на специјалниот државен обвинител Алберто Нисман.

Демонстрантите се собрале на повеќе локации во Буенос Аирес, меѓу другото и пред претседателската палата, како и во други аргентински градови. Тие носеле транспаренти и извикувале „Доста со лагите!“ и „Ние не се плашиме!“.

Аргентинскиот специјален државен обвинител Алберто Нисман, кој минатата недела ја обвини претседателката Кристина Фернандес за прикривање докази во случајот на најсмртоносниот терористички напад во земјата од 1994 година, е пронајден мртов во својата куќа.

Истражниот обвинител Вивијана Фејн изјави дека врз основа на обдукцискиот наод нема индиции дека се работи за убиство.

Според секретарот за јавна безбедност Серхио Берни, обдукцискиот наод „укажува на самоубиство“.

Нисман (51) беше определен да раководи со истрагата околу терористичкиот напад од 1994 година кога од подметната бомба во Еврејскиот центар во аргентинскиот главен град, беа убиени 85 лица, а други 200 беа полесно или потешко ранети.

Првичната истрага за нападот укажуваше дека зад нападот стои Иран, што оваа земја категорично го негираше. Укажувањето на вината кон определени ирански кругови остана, па Техерен со години на ред, бараше од аргентинските власти да го тргнат обвинувањето инсистирајќи дека Иран нема ништо заедничко со терористичкиот напад во Буенос Аирес.
Минатата среда Нисман го објави својот долгоочекуван извештај и на 300 страници ги обвини актуелната претседателка и министрот за надворешни работи Хектор Тимерман за правење „таен заговор“ со подготвување „шема“ според која ќе се избрише вината на Иранците, за сметка на потпишување на голема трговска зделка меѓу Иран и Аргентина.

Претседателот Кристина Кирхнер ги отфрли ваквите обвинувања,тврдејќи дека се „бесмислени“.

Аргентинскиот Конгрес сепак побара од Нисман да сведочи околу наодите на извештајот, што требаше да се одржи вчера.

Наместо да сведочи,Нисман беше најден мртов, застрелан во главата со еден куршум. Покрај неговото тело беше најден и пиштол, па аргентинските власти побрзаа да објават дека не станува збор за убиство, инсистирајќи на верзијата за самоубиство.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски