Масовни протести на огорчените Унгарци од владата на Виктор Орбан

Од:

Десетици илјади Унгарци учествуваа во денешните демонстрации во Будимпешта и во другите градови од земјата изразувајќи ја огорченоста од политиката што ја води десничарската влада на премиерот Виктор Орбан.

„Ден на огорченост“ е последниот во низата масовни улични протести, почнати уште минатиот месец, откако владеjачката партија на Орбан – Фидес предложи воведување данок на Интернет.

Пред унгарскиот Парламент во Будимпешта се собраа околу 25.000 лица кои носеа транспаренти со паролата: „Не можеме да платиме толку данок колку што Вие можете да украдете“.

Демонстрантите, исто така, извикуваа „Орбан, оди си“.

– Не сакаме Орбан да не води кон Путин и Русија. Ние сме земја на Европската унија и сакаме да останеме во Европа, каде и припаѓаме, изјави 26-годишниот студент Балинт Фаркаш, еден од учесниците во демонстрациите.

Демонстрациите во Будимпешта беа најмасовни, а ширум земјата се одржани повеќе од 20 протести.

Масовните протести од минатиот месец заради предлогот за вовeдување данок на Интернет го присилија Орбан да се откаже од оваа идеја, што е првото позначајно политичко повлекување од неговото повторно доаѓање на власт, во 2010 година.

Би можело да ве интересира

Кина е најголем инвеститор во Унгарија

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски