Масовни антивладини протести во Јордан, кралот Абдула Втори го распушти парламентот

Од:

Илјадници исламистички демонстранти се собраа вчера во знак на протест во центарот на главниот град на Јордан за да повикаат на воведување на реформи, објави весникот Ал-акбар. Само неколку часа претходно, јорданскиот крал Абдула Втори го распушти парламентот и повика на предвремени избори, но не најави никакви реформи.

“Бараме уставни промени пред народната побуна. Народот сака да го реформира режимот”, извикуваа демонстрантите пред џамијата Ал-Хусеини во центарот на Аман. Некои извори проценуваат дека се собрале меѓу 10.000 и 15.000 луѓе. “Демократски избори, уставните амандмани, парламентарна власт, независно судство, уставен суд, борба против корупцијата и тајните служби да престанат да се мешаат во политичкиот живот”, стои на еден од најголемите транспаренти.

“Абдула, сину на Хусеин, каде се нашите слободи?”, извикуваа некои од демонстрантите, пренесува Хаарец. Полицијата соопшти дека го спречиле насилството така што брзо уапсиле една група чија цел била да се соочи со демонстрантите. Тргнале кон Аман со три минибуси.

Демонстрантите во главниот град велат дека “протестираат веќе 20 месеци, а се уште нема промени.” Да подсетиме, масовни протести во Јордан, всушност, се одржуваат од почетокот на т.н.. Арапска пролет, сепак, за овие протести – како и во случајот на Бахреин – многу ретко читаме во западните медиуми. Зошто? Одговорот е прилично едноставен, монархијата Јордан е голем сојузник на САД во регионот и тие не сакаат да видат уште еден, по Мубарак и Бен Али, нивен соборен владетел.

Кралот Абдула Втори повика на предвремени избори, но не кажа кога ќе се одржат. Посочи дека треба да се одржат до крајот на 2012 година. Главната опозиција, како и во многу други арапски земји, е организацијата муслимански браќа. Од MB порачаа дека ќе се соберат околу 50.000 луѓе, но информациите говорат дека се собраа доста помалку. За време на протестите државната телевизија наводно емитуваше спортска програма.

Вчера требаше да се одржи контра-настан, за поддршка на кралот, но беше откажан во последен момент за да се избегнат можни конфликти. Монархистите наведуваат дека на нивниотсобир требаше да учествуваат околу 200.000 луѓе. Останува прашањето, дали е тоа баш така.

Муслимански браќа веќе сега најавуваат дека ќе ги бојкотираат изборите, како што направија минатата година. Посочуваат дека сакаат парламентарен систем во кој премиерот ќе биде избран со гласање, а не назначен од страна на кралот.

“Им зборувам на муслимански браќа, дека правите огромна грешка кога најавувате бојкот Овој изборен закон не е совршен, сите ние го знаеме тоа, Но нема подобар консензус или алтернатива. Она што е важно е дека одиме напред. Затоа им порачувам на Муслимански браќа дека имаат избор -Тие можат или да останат на улиците или да помогнат во изградбата на новиот демократски Јордан “, изјави кралот Абдула Втори за време на интервјуто минатиот месец.

http://www.youtube.com/watch?v=c3BRYv71Mg0&feature=player_embedded

Исламистите пак велат дека најчесто во владата седат лојалистите кои повеќе се грижат за руралниот дел на земјата, на сметка на урбаните средини каде што исламистите имаат далеку поголема поддршка.

Би можело да ве интересира

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

Јордан: Никој во регионот не верува во израелската приказна за експлозијата во болницата