Маскирани банди нападнаа мигранти во Шведска

Од:

Стотина маскирани лица, наводно членови на неонацистички банди, извршија синоќа повеќе напади врз имигранти во Стокхолм, соопшти шведската полиција.

Полицијата го зајакна присуството во центарот на градот распоредувајќи специјални и хеликоптерски единици, откако дознала дека екстремисти планирале синоќа „напади врз малолетни мигранти“ без придружба во градот.

– Поминував сам и видов група маскирани млади облечени во црно како почнуваат да тепаат странци. Видов како малтретираат тројца луѓе, рече очевидец за весникот „Афтонбладет“.

Портпаролот на полицијата Тове Хаг рече дека до пладне полицијата не примила никаква тужба за напади, но еден маж (46) е уапсен откако нападнал полицајци во цивил.

Уште тројца на кратко се приведени поради загрозување на јавниот ред и мир, а едно лице е осомничено за носење нож.

Шведска е меѓу членките на ЕУ, земја со најголем број бегалци по глава на жител, но во последните денови најави дека ќе протера десетици илјади луѓе за да се избори со големиот прилив на бегалци.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло